Јас мислам дека Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања, сме пред целосно зачленување во НАТО, пред почнување на преговорите со ЕУ, вели министерот за економија Крешник Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот, додава Бектеши.

Секако дека ќе има измени во раководството на ДУИ, но најбитно за граѓаните и поддржувачите на ДУИ е дека ДУИ ќе излезе со една нова програма, која ќе биде заснована на пет столба, но тоа ќе го оставиме да се дообјасни на Конгресот, вели тој.

Јас мислам дека тоа ќе биде една од најдобрите програми на политичките партии што ги има, не само во Северна Македонија, зашто тука за ДУИ нема конкуренција, секако дека се знае, но тоа ќе биде една одлична политичка програма што секако дека во наредните години ќе се препишува и од другите партии во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.