Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека според досегашните статистики и податоци поврзани со делта сојот нема ниту едно дете хоспитализирано, па затоа препорачува учениците по распустот да се вратат во клупите.

Точно е дека делта сојот е позаразен и почесто ги напаѓа помладите, но факт е дека во Британија, нема ниту едно дете хоспитализирано поради компликации од овој сој. Затоа, по 2 месеци летен распуст, на 1 септември сите деца во училишните клупи, напиша Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.