Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, за првпат откако се случи страотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, проговори за деталите околу патувањето и автобусот кој изгоре, при што загинаа 45 луѓе.

Хаџиу вели дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Тој ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.

Сопственикот на агенцијата вели дека досега не зборувал за медиумите поради тоа што бил во шок, но и дека во меѓувреме соработува со истражните органи за да се откријат причините за несреќата.

„Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу за БНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.