Во вечерашната емисија Патот кон на Алсат, функционерот на ДУИ, Невзат Бејта, упати обвинувања до Ремзи Мемеди од Алијансата за Албанците, но за времето кога Владата ја сочинуваа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Но, потоа дошла ДУИ и Ахмети и – како што рече Бејта – пишувале историја.

Гледате тука, имаме едно парче месо, се вика срце. Вие се обидувате заедно да ги држите и верувањето и негирањето и вистината и лагата и предавството и верноста. Држете се за едното. ДУИ се држи за верноста, вистината и вербата. Вие во 2006-2008 година дојдовте и го уништивте албанското општество. Во периодот 2006-2008 го уништивте Охридскиот договор и процесите на Албанците ги вративте многу назад. Дојде ДУИ пак ги стави во колосек и денеска ги имаме ние сме направиле нова историја под водството на ДУИ на чело со нашиот лидер Али Ахмети“, рече Бејта во вечерашната емисија Патот кон на Алсат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.