Градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети синоќа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 упати јавно прашање за Мухамед Зекири од СДСМ – „Дали неговото возило и тој лично е дел од групата за криумчарење на мигранти“ ?.

Не е добро партија како СДСМ да има потпретседател како Мухамед Зекири. Партиите и луѓето треба да се дистанцираат од него, рече Беџети.

Тој изјави и дека Зекири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај. Парите од градоначалникот ги побарал преку негов новинар-пријател.

Беџети вели јавно во емисијата „Клик плус“ дека стои зад тоа што го зборува и дека стои на располагање на обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.