И додека пожарот во дивоградбата на Зоран Заев, „Глобал“ се гасне со противпожарни и комунални возила стари 40 години, а болницата во Струмица нема амбулантно возило, Заев во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – мајбах, кој чини 400.000 евра.

Додека напомош на струмичката противпожарна служба ѝ доаѓаат исто толку стари возила од целиот регион, а болниците молат за помош на Фејсбук, семејството Заеви има 2 суперлуксузни автомобили бентли, кои чинат речиси 200.000 евра.

Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра. Здравството е во очајна состојба, во очајна состојба се сите јавни и државни служби. Нема противпожарни возила, опрема за пожарникарите.

Дента кога се запали и изгоре дивоградбата на Заев во Струмица, во саботата, на 2 јануари, Заев денот го помна на Беласица во друштво на својот син и министерот за здравство Венко Филипче, исто така со својот син. Заев и Филипче со синовите возеа квадрицикли и демонтрираа богатство и моќ.

На другата страна, „Глобал“ го живее својот последен ден како дивоградба без издадена дозвола за градба и за употреба. Пожарникарите кои ги ризикуваа своите животи ноќта таму, сведочат дека хидрантите не работеле, противпожарниот систем во „Глобал“ бил целосно неупотреблив. Во холот на трговскиот имало неколку хидранти но ниту еден не бил полн со вода.

Но, ништо подобра не била ниту ситуацијата со хидрантите во близина на трговскиот. И тие или биле празни или пак нивните приклучоци не одоговарале со опремата на пожарникарите. Затоа, очевидци тврдат дека пожарникарите наместо веднаш да се зафатат со огнената стихија неколкупати да одат во пожарната и да полнат вода а со тоа и губеле време. Вработени во објектот исто така велат дека внатре немало ни прскалки за вода, односно т.н спринклери.

При посетата на пеплосаниот „Глобал“ Заев повика на хуманост, солидарност и се заложи Владата да помогне да се возобнови „симболот на модерна Струмица“.

Уште од утре организираме масовна солидарна акција и за расчистување и возобновување на Глобал и солидарна акција со финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање, пред се како држава, Влада, секако како Општина, но и како граѓани во духот на солидарноста, рече Заев пред остатоците на „Глобал“ и ги повика деловните луѓе кои имаат свои ресурси на располагање уште веднаш да ги прават плановите да го расчистат теренот.

Најголемата легализирана дивоградба во Македонија е Глобал во Струмица

На 1 февруари 2006 година Општина Струмица носи одлука за реконструкција и надградба на Градското пазариште за што до Бирото за јавни набавки поднел известување дека ќе спроведе тендер за изградба на трговски центар на ова место.

Со јавно-приватно партнерство на две фирми им било дадено земјиштето на кое се наоѓал стариот пазар. За изградбата, Општината експресно издава дозвола за градба, а фирмите што го добиле тендерот веднаш почнале да градат.

Во текот на изградбата на трговскиот центар во 2006 и 2007 година во неколку наврати државниот управен инспекторат увидел дека дозволата за градба не е законска и ја поништува (за земјиштето, кое инаку е во државна сопственост, биле иницирани постапки за денационализација).

Државниот управен инспекторат во март 2007 година носи решение со кое им наредува на Општината и на инвеститорите да ја прекинат градбата, но Заев ги игнорира ваквите налози. Објектот со огномет на 1 јули 2008 година како капитална инвестиција на градот го отвори тогашниот претседател на државата и доскорешен сопартиец на Заев, Бранко Црвенковски. По две недели, Заев со своите општински соработници, како и газдите на фирмите што го градеа „Глобал“, завршија во притвор.

На 3 август 2008 година Црвенковски го искористи своето дискреционо право да ги помилува сопартиецот Заев и неговите соработници и да го прекине кривичното гонење против нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.