Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразено со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.

Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за COVID-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка, информираа од ГАК-Скопје.

Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.