Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, меѓу кои е и Зоран Башановиќ, објави БИРН, повикувајќи се на потврда од владината прес-служба.

Како што вчера објави српски „Курир“, токму поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ е човекот кому Бојан Јовановски – Боки 13 му ги однесе 1,5 милиони евра од Орце Камчев. Весникот се повика на сигналот од џипесот со кој е следена торбата „Луј Витон“, во која и се пренесуваа парите.

Башановиќ и поранешниот директор на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ, се надворешни соработници за економски прашања. Месечниот надоместок на Башановиќ е од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, поранешниот прв човек на српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара, кој му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, и Владимир Цветковиќ, кој е ангажиран како ИТ-експерт, земаат по 1.200 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.