Како и најавата за концертот во Охрид, така и извинувањето на Тамара Тодевска предизвика само негативни реакции на социјалните мрежи.

Пејачката утрово преку „Фејсбук“ испрати извинување што на вчерашната прослава во Американската амбасада по повод нивниот празник 4 јули, ја испеа македонската химна без стиховите за Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. Според Тамара, понесена од емоциите и целокупната еуфорија, ненамерно изоставила дел од текстот.

На ова граѓаните ѝ возвратија со извадоци од Уставот, според кој подбивањето со македонската химна е казниво дело. Други, пак, повикаа на целосно игнорирање на пејачката и нејзиниот концерт.

Најгласни, сепак, беа, оние кои констатираа дека пејачката го направила ова намерно.

Од што те здрма еуфорија? Да не се налутат пријателите на Заев од Софија, па како што викаше Заев “Нема да ме натерате да го растурам пријателството”. Ееее како не те фати еуфорија на 29ти, па тогаш твојата песна да ја згрешеше.. Се продаде господична, се продаде..

Сигурна си дека ова е грешка, прашува друг корисник, додавајќи дека се чини дека оваа „грешка“ совршено добро се поклопува со агендата на Тамара.

Не ти е првпат. И еднаш на стадион така си ја отпеја, тоа старо, младо, машко и женско поише ти се свиѓа. Дека ова мрчаториве мислиш ја знаат, коментира друг корисник.

Сите коментари погледнете ги на „Фејсбук“, како и на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.