Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат од неговиот кабинет. Се очекува во текот на денот тој да го достави барањето до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која според деловникот е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.