Државната изборна комисија (ДИК) попладнето го добила барање од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да се изјасни за именувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје, без согласност од дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, објави „360 степени“.

Нема да ви дадам прецизен одговор, дали Чулев можел да го назначи началникот без потпис од Петровска, дали не, ниту дали сме воопшто надлежни да одлучуваме за ова. За утре е закажана седница, ќе следува соодветна одлука на Комисијата, сите варијанти се отворени“ изјави за „360 степени“ претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Претпладнето Чулев имаше состанок со дополнителната заменик-министерка Петровска и со неколкумина раководители во МВР на кој, според најавите, требаше да се разговара за спорните прашања што се појавија во изминатите неколку дена, вклучувајќи го и именувањето началник на СВР Скопје. Во соопштението издадено по средбата нема ниту збор за случајот со началникот на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.