Од Државната комисија за спречување на корупција, вечерва испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите, однос закуп на канцеларии на државна сметка и за двајцата поранешни претседатели, Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, велат од Антикорупциска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.