Ветинг на судиите мора да има. Мора да има ветинг и на обвинителие, порачува и инсистира премиерот во заминување Зоран Заев.

Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност. Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара, а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од Велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството – рече премиерот во заминување Заев.

Но, колку погласно зборува за ветингот во правосудството, толку потивко го одмолкува предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за испитување на потеклото на имотот на политичарите.

Мицкоски бара да се се испита потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот. Мицкоски ги повика институциите него и неговото семејство први да ги но на иста таква проверка да подложи и Заев и неговите министри.

Дека стравот од губење на изборите и од одговорноста со која ќе мора да се соочи кај Заев е се поголема е што тој одби со амнестијата во иднина да не важи за политичари како и тоа амнестирани луѓе да бидат политичари.

За Заев не прифатливо да постои кандидат за мандатар со тоа што доколку тој загуби на изборите да се збогува со политиката без да има можност да се крие зад пратеничкиот имунитет.

Молкот во СДСМ кажува дека одговорните за денешниот криминал и корупција се надеваат на некаква идна амнестија. А јас ќе им кажам дека компромиси со правдата, сега и за било кога во иднина, нема да има. Како што кажа во Битола, Зоран Заев, дека сите кои што сториле криминал ќе одговараат. Истото тоа ќе го потврдам. За сите кои што се огрешиле пред законите и се осрамотиле пред граѓаните ќе одговараат, и во минатото, ама има да одговараат и тие кои што и денеска прават криминал. Амнестија ќе нема да не се надеваат. Трето, објавив дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој, согласно Уставот ќе може да се изврши детално испитување на потеклото на имот на политичарите. И ова е со цел да се санкционираат оние кои направија бизнис империи, не затоа што се способни туку затоа што ја користат политиката за нелегално печалење на грбот на граѓаните. Повторно од Заев и СДСМ има молк, затоа што очигледно има страв, и тоа голем страв во најбогатото политичко семејство на Балканот, повика Мицкоски.

Но, анкетниот лист на премиерот во заминување дава одговор на неговото однесување во последно време и нервозата која ја манифестира.

Од јавно достапниот документ може да се види што поседуваат Зоран, Зорица и двете деца, но но не и што поседува поширокото семејство на кланот Заеви.

Па така, од личен имот, премиерот има само побарување по основ на даден заем во висина од 4.300.000 денари.

Останатиот имот, станови, куќи и банкарски депозити се на име на родителите, сопругата и децата на премиерот.

Воочливо е, на пример, дека нема наведено уметнички предмети, акции во фирми, накит, хартии од вредност, удели, обврзници, бизниси со канабис… што остава простор како за сомнеж во точно пријавениот имот, така и во етичката и морална основа да се бара потекло на имотот на судиите и обвинителите.

Несразмерното зголемување на имотот на поширокото семејство Заеви е причината што тој не се изјасни за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за проверка на имот на политичари, судии, обвинители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.