Државната советничка на Народниот правобранител, Васка Бајармовска-Мустафа, во вечерашната дебата во „360 степени“ на тема образование реагираше и на тоа дека дел од родителите на учениците сами ги печателе учебниците и а тоа плаќале по околу 1.700 денари.

Никој не го спори развојот на образование со дигиталните учебници, никој не ја спори важноста од натамошно образование согласно современите трендови. Но, од друга страна на што ние укажуваме како институтција Народен правобранител и се заснова на аргументи, а МОН е добро информирано со извештаи кои се доставени лично до кабинетот и објавени се на нашата веб-страница, а објавени се и преку медиумите…Сето тоа како подготовка е во насока кон подобрување на образовниот систем. Има извештаи за тоа каде има слабости, во кое училиште и со какви проблеми се соочува. Но, факт е дека дигиталните учебници, како што е предвидено со новата концепција, и како што почна да се практикува од септември годинава, за жал, не стигнаа до сите деца. Пред да дојдам тука, родител дојде и кажа дека ако треба и претставка ќе поднесе бидејќи неговото дете кое е со дигитално образование нема учебници и биле принудени да платат 1 700 денари за да ги ископираат учебниците, бидејќи не може да се симне на уредот. На крајот, не е обврска на родителот да купи уред на своето дете, рече Бајрамовска-Мустафа.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека дигитализаицјата е нов процес и дека очекувано е да се случуваат одредени проблеми, но тие ќе се надминуваат во од со цел системот да се подобрува и во следните години ваквите предизвици да се минимизираат. Таа рече дека од МОН имало назначени лица кои ќе помагаат во процесот на симнување на дигиталните учебници доколку родителот наиде на потешкотии.

Имавме цел тим за таква поддршка, но немавме повеќе од 50 такви барања, бидејќи интуитивна е самата апликација и симнувањето на учебниците оди едноставно. се појави проблем кај уреди каде имаше инсталирано други безбедносни системи кои требаше во тој момент да се прилагодат на новата апликација, кажа Царовска.

Додаде дека во резервите на Министерството за образование и наука има уште 7 000 таблети кои не се побарани од локалните самоуправи, а сепак стојат на располагање.

Затоа упатувам на сорабтока и на заедничко работење на воведување и подобрување на современ образовен систем. Ако имате забелешка со конкретни училишта посочете ги, бидејќи такви забелешки ние добиваме и дневно ги надминување и решаваме проблемите. Имаме и наставниц кои потајно го бојкотираат процесот на дигитализација и велат не ви треба дигитален учебник, испринтајте ги. Не, не е идејата да принтаме. Ако беше тоа поентата ќе ги испринтавме и ќе ги доставевме до сите и тоа ќе беше полесен процес и поедноставен, рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.