Аднан Азизи, секретарот на Движењето Беса, ги исмеа партиите на власта по неуспехот да се добие датум за отворање на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека Владата е делегитимирана и оти треба да се одржат веднаш парламентарни избори во Македонија, објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА ја пренесува објавата на Азизи:

Датум… Интеграции… Европска Унија…процес… не оглувеа со празните пароли, додека во реалноста вистина е дека се прават, за да ја задржат власта и да пљачкаат до последниот момент. Датум нема – Владата е делегитимирана, затоа да се одржат предвремени парламентарни избори веднаш, уште утре, зашто овие можат само да не однесат во бездната, напиша Азизи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.