Сега гледаме како на дело се потврдува поговорката дека апсолутната власт, апсолутно расипува. Наместо да се борите со вистинскиот криминал, Вие полициските ресурси ги насочувате кон медиумите со надеж дека ќе ги замолкнете и заплашите. Мислите дека со политички прогон и притисоци ќе престанат да пишуваат за вашиот криминал и дека нема да се дознае за злоупотребите и пустошот што го правите, пишува на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во постот Ѓорѓиевски наведува дека наводно во Одделението за борба против економски криминал бил формиран посебен кој ќе бил насочен само за „обработка“ на непослушните новинари и медиуми. Тимот ќе ви го насочувал поранешен снимател од Телевизија Телма кој требало да ги испорачува непристојните понуди. Патем снимателов последниве години беше познат како потрчко на екс градоначалникот на Центар. За тоа каква била неговата улога во Центар може да се утврди преку проверка на имотната состојба откако е заминат од Телма.

▶️Е сега, ќе одговорите ли дали во МВР е вработен Жарко Пачемски?

▶️Кога е вработен?

▶️Имаше ли конкурс или си газите со целосна партизација додека пред јавноста лажете за некаков ветинг?

▶️Дали е вработен месецов најпрвин во општата служба за логистика за „помалку да се зборувало“, па веднаш потоа прераспореден како инспектор-приправник во одделението за економски криминал?

▶️Какво искуство има „инспекторов“ за да го ставите на таква позиција?

▶️Дали Факултетот за туризам и менаџмент е најдобра референца за истражување на економскиот криминал?

▶️Немало ли подобри студенти од Факултетот за безбедност или Правниот факултет и ли економските факултети?

▶️Конечно, дали го пуштивте Жарко Пачемски денеска да врши претрес во Нетпрес и да отпочне со притисоци врз новинарите?

Нетпрес и сите останати медиуми кои се на удар на оваа ненародна власт ја имаат нашата поддршка. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Нема страв и нема повлекување, завршува Ѓорѓиевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.