Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападoт врз новинарот и снимателот на ТВ21 во Арачиново, пред и во зградата на општината.

Медиумите работат во интерес на граѓаните и се важен столб на демократијата, поради што секое мешање во нивната работа претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање, се наведува во реакцијата на АВМУ.

Медиумските работници, додава Агенцијата, мора да бидат ослободени од сите видови притисоци и закани за да можат непречено да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.

Зачувувањето на достоинството на новинарската професија и безбедноста на медиумските работници се особено важни и од тие причини апсолутно неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите, додава АВМУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.