Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на односот на генералниот секретар на Град Скопје Зоран Глигоров кон новинарите кога тој за време на прес-конференцијата пред два одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.

Од АВМУ и ЗНМ апелираат дека јавните функционери и претставници на институциите треба да се трудат да даваат одговори на сите новинарски прашања особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста.

Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа, велат од ЗНМ.

Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за време на прес-конференцијата во просториите на Градот одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.