Иако по негов налог Македонија формално го смени името, имињата на националните институции и со Преспанскиот договор прифати работи кои што се невидени во меѓународното право, официјална Атина наоѓа причини да му се лути на македонскиот премиер Заев.

Откако последниве денови била спроведена неофицијална истрага владата на Ципрас смета дека Заев свесно учествувал на настан на кој бил промоворан иредентизам на сметка за Грција и со тоа упатил провокација кон јужниот сосед.

Апсурдот да биде поголем настанот за кој Заев се обвинува дека бил провокација, а за кој вчера брифираа извори во Атина се случил на 25 јуни, а бил организиран во Македонсkата Опера и балет односно по ново Национална опера и балет.

На концертот по повод 70 години од формирањето на националниот ансамбл Танец биле присутни премиерот Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаровска.

Грчките извори не откривааат што е грешката на Заев што заминал на настан на кој се одбележува седум децении од врвниот национален фолклорен ансамбл кој македонскиот фолклор, култура и историја ја промовира на сите континенти.

Директорот го поставува владата на чело со Заев а тоа што можело да се види на концертот е слично на провокациите кои ги правел Груевски, велат изворите кои што најавуваат дека за ова прашање може да се зборува во неформални контакти со владата во Скопје а ако нема задоволителен одговор и извинување тогаш можно е да има и формална дипломатска комуникација меѓу двете земји.

Владата на Ципрас поради нискиот рејтинг е во тешка состојба во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција и чекорот на Заев со учество на „иредентистички“ настан како што се тврди во Атинна е удар во грб за СИРИЗА и сигнал дека во иднина може да има и други непочитувања на Преспанскиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.