Ако изборот на СДСМ е Ковачевски тогаш прогнозата е дека партијата нема уште многу долго за владее. Замената на новиот лидер, која доаѓа од врвот на партијата е наравена за да нема промени во работењето на СДСМ анализира за Алфа телевизија, понешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов. Тој е дециден, дека треба јавноста да види каква програма ќе понуди новиот мандатар, а со тоа ќе се отслика што понатаму ќе гледаме на политичката сцена во Македонија.

Многу се поголеми шансите да не направи ништо повеќе од ова што досега го има направено, многу се мали шансите новиот мандатар новиот премиер нешто да направи. Јас не знам што ќе направи. Во овој момент не гледам од каде ќе извлечат нови асови или нови адути. Од она што го гледам како вокабулар на претпоставениот нов мандатар или премиер, не претчувствувам никакви драстични промени или дистанца од она што беше СДСМ и Зоран Заев. Ако тоа го отсликува неговиот избор за влада, неговите политики неговите навестувања како ќе прави што ќе прави, … кога беше најголемата криза во СДСМ тој човек не беше во зградата на СДСМ вели Атанасов.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.