Зоран Заев си обезбеди партиска поддршка за криминалот, корупцијата и ограбувањето на целата држава. Заев нетранспарентно и на крајно недемократски начин си постави послушници кои ќе треба да му помогнат да ја задржи својата позиција откако ќе биде поразен на претстојните парламентарни избори кои што се неизбежни, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата. Новоназначените 30 претседатели на општински организации во СДСМ се само дел од театарот на Зоран Заев и на партијата. Од 30-те новоназначени претседатели вчера, дури половина беа истите стари кои беа разрешени. 15 функционери во СДСМ што ги назначи вчера лично на своја волја се истите тие што беа и претходно претседатели и што претходно не мрднаа со прст за да сработат за граѓаните на било каков начин во нивните можности.

Според Арсовски, ова покажува дека Зоран Заев нема намера да прави метла ниту во партијата, ниту пак во Владата.

Зоран Заев ова го направи свесно за си ја зацврсти својата позиција во партијата после лошиот резултат на последните претседателски избори и на оние претстојни парламентарни кои што следат. Заев ги остави понатака да владеат во партијата само оние кои што му се лојални и блиски, а сите останати кои му беа можна закана ги тргна од функциите, вели Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.