Не би рекол дека имаме независно судство. Се сеќавате дека имавме случај каде што градоначалник од редовите на ДУИ јавно излезе и кажа дека бил уценуван од страна на премиерот Заев за влијание во Врховен суд, така да очигледно е дека има влијание.

А најдобар показател е дека директно Зоран Заев влијаел, нарачувал и да речам на некој начин осудувал а тоа се виде и преку СЈО, каде што Заев заедно со Катица Јанева и останатите обвинители кои што ги плаќале на некој начин преку огромни хонорари кои за 3 до 4 години изнесуваат над 10 милиони евра, .Ова го изјави Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во  во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М.

 

За случајот „Рекет“ истакна дека правдата ќе биде задоволена во моментот кога ќе биде најден вистинскиот нарачател на овој скандал кој што ја државата изминатиот период, посочувајќи дека на граѓаните им е добро познато кој е главата на овој криминален октопод.

-Во случајот Рекет правдата ќе биде задоволена во оној момент кога ќе се најде нарачателот на случајот, а сите знаеме кој е главата на октоподот и сметам дека се до тој момент само ќе биде едно бледо сценарио на власта која што ќе заврши полу успешно бидејќи јавноста ја знае вистината, рече Арсовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.