ВМРО-ДПМНЕ  ќе објави огромен скандал во врска со законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции најави во денешното интервју за „Економски лидер“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен еден сериозен скандал кој што зема сериозни размери во јавноста, тоа е дел од законот за опојни дроги, народски кажано законот за марихуана кој што во моментот власта сака да си го донесе по свој терк, вели Арсовски.

Арсовски не откри многу детали за истиот, но увери дека станува збор за голем скандал каде што власта на СДСМ и фамилијата Заеви личните интереси ги ставаат пред државните.

Не би откривал повеќе детали би оставил јавноста утре да ги чуе од тој скандал но, меѓутоа верувајте ова е уште еднен скандал низ низа на други скандали, каде што власта ги става, односно власта на СДСМ и фамилијата Заеви ги става своите лични интереси пред сите останати државни интереси кои што се во интерес на граѓаните, истакна Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.