Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакнува дека со парите што премиерот Зоран Заев го потрошил за да си купи нов луксузен автмобил БМВ, 400 семејства може да се прехранат цел месец или, пак, да бидат купени две целосно опремени болнички возила.

Зоран Заев, како што можевте да видите вчера, се развозува со нов автомобил марка БМВ во вредност од над 100.000 евра, а најголем дел од граѓаните во Република Македонија немаат пари ниту за јадење.

 

Половина милион луѓе во Република Македонија живеат со две евра на ден и тоа се официјални статистики кои што изминативе три години се актуелни, а Зоран Заев троши 100.000 евра на луксузно возило. Со парите од луксузниот автомобил во кој што се вози премиерот на државата можело 50.000 наши сограѓани да се прехранат.

 

100.000 евра или над 6.000.000 денари, тоа се околу 220 просечни плати, или околу 400 минимални плати. Со парите кои Заев ги потрошил за својот луксузен автомобил 400 семејства ќе можеле да се прехранат еден месец.

 

Едно болничко возило, целосно опремено чини околу 50.000 евра, со парите кои што Заев ги дал за автомобилот можело да бидат купени две целосно опремени болнички возила, наместо од неговата партија да донираат стари болнички возила. Така можеби и би му се помогнело на некој лекар да не мора пациентите по планини да ги носи во раце како што беше случајот до најблиската болница, каков што пример имавме изминатово зима во Кратовско.

 

Замислете цената на килограм јаболко е два денари на големо, а Зоран Заев се вози во автомобил кој чини 3 милиони килограми јаболка. И вели дека ја разбира маката на земјоделците и ја разбира маката на граѓаните. Не, не ја разбира маката на земјоделците и не ја разбира маката на граѓаните. Ништо не разбира, единствено го разбира луксузот.

 

Со 100.000 евра колку што чини автомобилот на Заев можело да се набави едно противпожарно возило за било која општина во државата, и така можеби ќе изгореле многу помалку хектари шума од тоа што изгореа во Малешевијата, Гевгелиско и Кочанско.

 

100.000 евра се пари со кои можат да се платат 3-4 операции во странство на наши сограѓани на кои ФЗО не им го покрива лекувањето и се принудени да бараат донации преку СМС и преку други разни модели, но затоа наместо да спасат неколку животи тие одлучија да се возат во луксузни автомобили од 100.000 евра.

 

100.000 евра кои потрошија на луксуз можеа да ги потрошат на подобрување на животот на голем број наши сограѓани, но тие решија да ги потрошат на луксуз.

 

Ароганцијата и надменоста со која гледа над народот Зоран Заев ќе биде казнета на 17-ти октомври. И за тоа ќе го стигне казната за целото лицемерие кон граѓаните – порачува Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.