Завршува кариерата на првиот човек на Зоран Заев, Катица Јанева, велат до ВМРО ДПМНЕ.

 Нејзиното приведување требаше да се случи уште првиот ден. Таа е само една алка од синџирот. Скандалозна е изјавата на јавниот обвинител дека од 8 милиони евра, таа зела само мал дел. Таа изјава ги потценува граѓаните. Да се расчисти случајот и да се расветли улогата и одговорноста на сите инволвирани, бараат од најголемата опозициска партија.

Катица Јанева нанесе срам на целата правда и ги изневери сите што веруваа во правна држава, како и меѓународните фактори, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.