Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на фејсбук напиша:

Ајде сега да си играме проста математика по примерот на Филипче и Заев.
Тест за Ковид-19 во Институт за јавно здравје е 4.950 ден. = 80€
Тест за Ковид-19 во приватна клиника е 1.200 ден. = 20€
Разликата помеѓу цената е 3.750 ден = 60€.
Филипче кажа дека до сега се тестирани 1.000 граѓани. За 1.000 тестови за Ковид-19, Филипче платил 60.000€ повеќе, отколку една приватна клиника. Со разликата од 60.000€ ќе можеле да се набават 3.000 тестови повеќе, односно да се тестираат 3 пати повеќе граѓани отколку што се тестирале сега. Наместо 1.000 тестирани, ќе биле 4.000 тестирани за појасна епидемиолошка слика на граѓаните.
Нема тестови, луѓе се тестираат кога ќе завршат на оддел за фебрилни болести, нема кристална слика.
Епа ќе нема кога сè во државава се плаќа 3 пати поскапо…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.