Фејк њуз креиран од кујната на СДСМ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за обвинувањата од СДСМ дека пратеникот и функционер од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски бил дел од меѓународен скандал за изборите во Азербејџан, поточно бил дел набљудувачите.

Пратеникот од Италија за кој говорат дека бил осуден, воопшто и не бил во било каква мисија во Азербејџан за она за кое што говори Костадин Костадинов. Веднаш се гледа дека е фејк њуз, лага произнесена измислица за потпретседателот Николоски од страна на СДСМ. Она кое што морам да го апелирам до граѓаните, апелирам уште еднаш да не потклекнуваат на овие фејк њуз лаги и измислици кои што ги пласира СДСМ, бидејќи ова го пласираат единствено со намера и причина да дефокусираат од реалните афери кои што ни се случуваат во моментот, а тоа е аферата Мафија, тоа е аферата нарко картел Заеви, тоа е за оние хонорарци кои што ги криеја во владата каде што се вработени десетици и десетици роднини, синови, ќерки, партиски војници на СДСМ, и тоа е едноставно произнесено се со цел само да дефокусираат од овие реални проблеми, рече Арсовски одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.