Коста Петров со денешната реакција и демант штотуку призна дека е сомнителен тендерот со кој се ангажирани двете маркетинг агенции, пишува на Фејсбук Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ откако Петров реагираше на неговиот прес, одговарајќи дека не биле потрошени пари за спотовите кои се снимале во Фонд за иновации каде што тој е в.д. директор.

200.000€ на граѓаните завршуваат како испумпани пари во нечии џебови на функционерите на СДСМ или пак партиските кампањи се исплаќаат преку државните институции.
СДСМ не е ништо повеќе од клептоманска партија која само краде.
Само доколку ги отворите еден од профилите на социјалните мрежи на челните лица на агенциите (фото во прилог), ќе можете да забележите несебична поддршка за СДСМ и нивни градоначалници и партиски функционери, што дополнително докажува дека парите од ФИТР завршуваат на сомнителен начин.
ДОПОЛНИТЕЛНО, една од двете агенции што земала дел од овие 200.000€ е застапувана и е на советник од СДСМ во Град Скопје.
(Фото во прилог)
Коста Петров доколку сметал дека е погрешно ангажирање на маркетинг агенции во време на пандемија во висина од 200.000€, имал доволно време да ги раскине и да ги ревидира. Дополнително доколку не учествуваат тие две агенции во работата на Коста Петров, што всушност работат? Дали тоа значи дека ништо не работат и земаат 200.000€ туку така? Кои се работните обврски на овие две агенции?
Доколку Коста Петров смета дека е во право јавно го повикувам на дебата со мене да ги изнесе своите аргументи. Може да прати и некој “од тимот” како што вели дека заедно работеле. Во спротивно стравот од соочување ќе биде потврда на сомнежите на јавноста.
СДСМ Клептоманска се фатени живи во класичен сомнителен и криминален тендер, пишува Арсовски на Фејсбук.

Коста Петров со денешната реакција и демант штотуку призна дека е сомнителен тендерот со кој се ангажирани двете…

Posted by Dimsa Arsovski on Saturday, 16 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.