Мерките кои што ги воведуваат Зоран Заев и Венко Филипче се класичен фашизам.

Никој не смее никому да ограничува право на движење и живеење, само затоа што така им текнало на Зоран Заев и Венко Филипче. Настрана од се, ние повторно апелираме граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може по ниедна цена Зоран Заев и Венко Филипче да ги дискриминираат и на еден фашизоиден начин да ги третираат оние луѓе кои што не се вакцинирани. Новите мерки на Владата се класично лудило народски кажано, само вакцинираните смеат да живеат нормално, а оние кои што прележале корона вирус и имаат доволно антитела или пак оние кои што немаат примено вакцина, не смеат да живеат нормално како другите односно вакцинираните граѓани. Фашистичка Влада која што се движи кон нејзиниот крај. Од прв ден на појавување на корона вирусот во Република Македонија, па се до денес, секоја една мерка што ја воведе Владата е промашена и неефикасна, и тоа се виде на дело и за тоа имаме 5.500 починати од корона вирусот, и урнисан економски систем.

Почитувани, Системот одамна не функционира со оваа Влада. Граѓаните одамна се оставени сами на себе. А, нефункционални мерки од типот – само вакцинираните смеат да живеат ја води државата кон нова пропаст. Оваа Влада нема никаква идеја за справување со корона вирусот, но имаат стотици идеи за дискриминирање на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.