Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во вечерашното издание на „24 Анализа“ на ТВ 24 го праша директорот на Фондот за иновации Коста Петров дали му е забранет влез во Дубаи поради одредени недоследности во неговото работење.

Но, претходно да ги објасните сите оние недоследности што кренаа прашина во јавноста околу оној фамозен тендер. Бојан Ивановиќ кој е поддржувач и активен чинител на политиките на СДСМ има земено неколку тендери во низа од Фондот од 2018 до 2019 година.

Последниот тендер за кој треба да се дискутира и воедно директорот треба да одговори е тендерот за маркетинг услуги и комуникациски услуги којшто беше потпишан и е во вредност од 11 милиони и осумстотини денари. Истиот тој Бојан Ивановиќ има земено три тендери во низа од Фондот во 2018 година во вредност од над 4 милиони денари.

Зошто директорот не го прекинал спорниот договор. Исто така, во овие моменти кога има корона криза сулудо е да давате 200 илјади евра за организација на јавни настани – изјави Арсовски.

Тој истакна дека се користи медиумска промоција на Фондот, но не на социјалните мрежи туку преку медиуите и порталите. како што истакна Арсовски, рекламите се платени со буџетски пари од Фондот за иновации.

Дали знаете дека на 24. седница на Владата на 22 август 2017 година е донесен мораториум и забрана за рекламирање на институциите во медиумите. Дали сте свесен дека со ова сте направиле кривично дело – Арсовски го праша Петров.

На ова, директорот на Фондот за иновации му се извини на Арсовски.

Извини ако сум направил кривично дело – одговори Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.