Додека Венко Филипче и Зоран Заев пробуваат да ќарат провизии од набавка на вакцини, други луѓе од владата аминуваат шверц на 5 камиони тутун во Република Македонија, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Сите институции молчат за криминалниот шверц што го призна Царинската управа дека се случила преку фирмата Студенац Шпед на Димче Тројановски инаку близок пријател на Љупчо Николовски, кој прошверцувал 5 камиони тутун на граничниот премин Деве Баир, каде работи и шпедицијата на братот на Љупчо Николовски. Царинска управа признава дека е направен шверц, сите останати молчат. Криминалци и соучесници, сите до еден. Замислете, фирма без дозвола за увоз на тутун и тутунски производи, увезува, односно шверцува во Македонија 5 камиони нелегален тутун, само затоа што е близок сопственикот до Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка. Жално е и страшно што се плашат да отворат случај и Јовевски и Русковска, како и антикорупциската комисија кои што практично се привезоци на оваа влада. Срамно е што штитат криминалци од ваков ков кои се во Влада, но и на улица, само затоа што се членови на СДСМ, истакна Арсовски.

Одговорност мора да има и за они кои го извршиле шверцот и за оние кои ги штителе и се соучесници. Од владини функционери, па обвинители, па се до секој еден кој е вмешан, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.