Ако се вратиме наназад периодот ќе видиме дека и Венко Филипче и владата на Зоран Заев постојано лажат за набавката на вакцини, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Најпрвин велеа дека ќе стигнат стотина илјади, па 50 илјади, па 200 илјади, па биле нарачани. Даваат датуми како 15 февруари, доаѓа 1 март, се уште нема вакцини. Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, рече Арсовски како коментар за кинеските вакцини и најавата на министерот Филипче дека ќе доцнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.