Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку статус на Фејсбук пишува дека има разлика од Влада до мафија и дека влада помага на стопанството во ваква вонредна и кризна ситуација, а мафија размислува на бизнисот со дрога.

Има разлика од ‘Влада’ до ‘Мафија’.
Влада помага на стопанството во ваква вонредна и кризна ситуација, а мафија размислува на бизнисот со дрога.
СДСМ на 12 мај 2020 на седница на Влада додели лиценца на 2 фирми, “Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и “Лајтинг Лукс” од Струмица, како да е најголема мафија организирана околу струмички картел.
Двете фирми се поврзани меѓу себе. Во “Еко Енерџи-Космос” управител е Перо Стојчев – син на Боро Стојчев – кадар на СДСМ и Зоран Заев, осуден (читај спасен од Заеви) за шверц на цигари и поранешен градоначалник на Ново Село, а еден од сопствениците е Христијан Котев.
Во другата фирма “Лајтинг Лукс” сопственик и управител е Славица Котева, инаку крвно поврзана со еден од сопствениците на “Еко Енерџи-Космос” (Христијан Котев).
Муабетот ми е дека и двете фирми кои добиле лиценци на 12 мај 2020 од Владата на СДСМ по наредба на Заев, се луѓе на Зоран и Вице Заеви.
Од инсајдерски информации можам само да потенцирам дека натегањето околу доделувањето лиценци траело одреден период, за што на очиглед на целата јавност морам јавно да потенцирам и обзнанам дека еден од клучните луѓе кој ги доделува лиценците по насока на Вице и Зоран Заев е Венко Филипче. СРАМОТА!!!
Толку од грижата на СДСМ, Заеви и Филипче за здравјето на граѓаните. Важни им се парите од бизнисите со марихуана.
Е сега, барам еден нормален од СДСМ и Владата на СДСМ да ми објасни која е потребата да се гласа лиценца за марихуана на блиска фирма до Заеви во време на вонредна состојба донесена поради пандемија од “Ковид-19”, ако знаеме дека сите одлуки треба да се носат од оваа Влада во насока на сузбивање на оваа пандемија.
За крај, му се гади на народов од вакви воени профитери, едвај чекаат да ве снема сите до еден! Завршена приказна сте сите до еден!
Народов тек ќе дознава какви криминалци сте!
Да живее Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.