Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, пркосот кој го покажува директорот на Државниот пазарен инспекторат против премиерот, не е пркос од принципи, туку пркос на две спротивставени крила на СДСМ.

Неколку дена ја набљудувам ситуацијата со Стојко Пауновски и се воздржував од коментар. Денеска веќе помина доволно време за да може да се искоментира објективно.Најпрво, сите заклучивме дека Заев ќе го менува Стојко Пауновски затоа што прекинал да го слуша. Оттука да ве потсетам за да не заборавиме дека иако Пауновски не сака сега да го слуша Заев, тоа не го амнестира дека го слушал за стотици нарачки претходно, за илјадници притисоци преку инспекции за избори, за случаеви за пресметка со политички противници и многу други работи. Никој, никогаш, никаде, нема чуено Стојко да водел некој случај против близок на СДСМ и Заеви.
Второ, главната причина за непослушност очигледно е внатрепартиски раскол (што мене воопшто не ме интересира) и тоа што никој веќе не сака да биде на иста палуба со Заеви, Рашковски, Николовски, Ден Дончев и многу други.
Трето, најинтересни ми се Кирацовски, Лидија Димова и уште неколку такви со “скинати” глави заради криминал, како го поддржуваат Пауновски и апелираат до Заев да не го менувал. Причина – едноставна. Видоа дека народот ќе поддржи секого што работи спротивно од насоките на Заев и мислат дека ако поддржат јавно, некој ќе заборави дека и самите тие се замешани во слуачеви поврзани со рекетирање, проневера на европски пари и сл.
Не, ништо нема да ве амнестира од криминалот, дури и на глава да стоите за Заев да не го менува Стојко.
За крај, ова не е пркос од принципи, ова е пркос на две спротивставени крила во СДСМ. Да не ве лажат. Да било пркос од принципи, немало да прифати во 2018 да стане директор во Влада на Заев која уште тогаш беше до гуша во криминал (криминални иновации, непотизам, промена на уставно име) или пак кога добивал нарачки претходно за одредени случаеви кои оделе во корист на СДСМ и Заев. Ова е пркос за внатрепартиска битка за тронот на Заев, каде што уште сега од хеликоптерот во кој се возеа Заев и Филипче се гледа дека веќе се екипираат се повеќе против Заев, а се помалку остануваат до него.
Памтете го ова, после локалните избори се повеќе ќе гледаме “пркос”, кој и сега и тогаш е далеку од принципи, вели Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.