Дали Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата е всушност најголем корупционер во власта?! Додека инспекциите затвораат фирми на граѓани и за најмал пропуст, фирмата на братот на Љупчо Николовски наплаќа во кеш, без притоа да издава фискални сметки. Братот на Николовски врши криминал и нелегално зема готовина, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски наплаќаат кеш спротивно на Законот за регистрирање на готовински плаќања, наплаќа на одредени правни субјекти. Фамилијата Николовски го кршат законот и работат спротивно на прописите.
Имено според чл.12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања се вели -„Не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема освен во случаи кога е потребен ремонт или поправка на фискална апаратура односно надворешниот GPRS уред“. Доколку било кој друг граѓанин беше на местото на братот на Љупчо Николовски, првин ќе добиеше глоба од 5000 евра, а потоа ќе имаше и постапки против него од страна на УЈП. И така човекот глава немаше да крене од инспекции и казни, но кога се работи за личните бизниси на врвот на СДСМ, вклучително тука за вториот човек во СДСМ и во власта, закон не важи, важно е само да се прават пари.
Ова се каса прими издадени од страна на фирмата на братот Николовски, Лариком Импекс, како доказ дека наплаќаат во кеш, без да издадат фискална сметка, рече Арсовски.

Toj додаде:

Ја повикуваме јавно Сања Лукаревска и УЈП веднаш да постапат согласно законот и да влезат во фирмите на семејството Николовски, но и да каже зошто до сега не постапиле согласно закон. Каде се пропустите, и дали Љупчо Николовски влијаел со својата функција за неговиот брат да може непречено да работи нелегално, спротивно на законот? Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај против Љупчо Николовски и да ја испита неговата вмешаност влијание дали го има, како и дали била злоупотребена неговата функција и влијание во корист на фирмата на неговиот брат. Но и како додека 6200 фирми во Македонија пропаднаа заради корона кризата, фирмата на Николовски има раст на приходите од 2100%“.

Го повикуваме уште еднаш, подвлече тој, јавно да соопшти Љупчо Николовски дали и како се случило ова и веднаш да си даде оставка од позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, како институциите непречено без страв од него и неговата позиција и влијание и моќта која му ја пружа позицијата ќе го истражат случајот.

-Дали семејството Николовски преку фирмата Лариком Импекс наплаќале во кеш, преку каса прими спротивно на законот. Одговорност мора да има и одговорност ќе има. Институциите да си ја завршат својата работа, ние ќе го следиме случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.