Жестока дебата меѓу портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. По меѓусебните партиски обвинувања, Арсовски го праша Каевски дали знаат каде е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Сакате да ви кажам? Еве ако не сте виделе на социјалните мрежи да ви кажам, Катица Јанева, госпоѓа една која што испадна дека е врхунски криминалец, да се изразам со жаргон кој што луѓето надвор на улица го коментираат, госпоѓава наместо да ја одлежи својата казна во затвор, таа си пазари по маркети и си шета најнормално. Сакате да ми кажете дека тоа е доверба во судството?, истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.