Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, беше претставникот на опозициската партија кој го влечеше редното бројче под кое нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе се трка за претседател на Република Македонија.
Арсовски го извлече редниот бројот 2 и истакна дека овој број симболично ја означува победата на Силјановска и во двата круга.

Тој најави дека од денеска престануваат сите активности на претседателскиот кандидат до 1 април. Арсвски исто така обвини река власта не го почитува ова. Утринава тие продолжиле со интернет активности за нивниот кандидат.

Арсовски вели дека се надева дека власта ја научила лекцијата за фер и демократски услови за кампања што, според него, не било случај за референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.