Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ, јас како Димче Арсовски доставивме барање до Антикорупциската комисија барање за мислење дали има судир на интереси кај судијата поротник Митко Сандев, кој, како што знаете, е судија поротник во случајот „Талир“ каде што е замрзнат имотот на партијата, судија на кој што се навршени 60 години и треба да биде неговата функција прекината, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Сега доставивме барање за мислење до Антикорупциската комисија затоа што сме убедени дека има судир на интереси во неговата функција како судија поротник затоа што членува во политичка партија, односно во тело на политичка партија, а тоа е Партијата на пензионери. Во барањето коешто го доставивме, тоа е ова барање, потпишано од нас, и јасно посочивме кои членови од Законот за судови се косат со членовите од Законот за спречување на корупција и побаравме мислење од Антикорупциската, така што се надеваме дека во најбрз можен рок ќе одговорат иако знаеме дека и тие се барем во досегашните случаеви слепи послушници на Зоран Заев. Ова е пресериозен случај на кршење на Законите по две основи во случајот со Митко Сандев, судијата поротник, како што знаете, иако има навршено 60 години, сè уште претседателот на судот Иван Џолев не сака да побара прекин на неговото делување и функционирање односно на неговата функција до Републичкиот совет. Но, еве, има и една причина плус каде што ниту еден судија, судија поротник не смее да членува во политичка партија, а знаеме дека овој судија поротник Митко Сандев е член на политичко тело и тоа политичко тело односно политичка партија која што е во коалиција со власта односно во коалиција со Зоран Заев – рече Арсовски.

И повеќе од јасно е дека по повеќе основи се кршат Законите, додаде тој, во овој случај којшто се води против ВМРО-ДПМНЕ, но и против поранешни и актуелни функционери, така што, она кое што го бараме е Антикорупциската комисија да покаже барем грам достоинство, чесност и морал, и да даде мислење по овој случај што побрзо.

– Знаеме каков ќе биде исходот, така што бараме да одлучи што побрзо. Во однос на претседателот Иван Џолев, ние веќе најавивме дека има рок до утре да поднесе барања до Републичкиот судски совет за прекин на функцијата на Митко Сандев заради навршени 60 години, еве му причина плус, така што, доколку не поднесе како што рековме ќе има кривични пријави односно кривична одговорност – рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.