Пратеникот Александар Кирацовски испратил демант и барање за извинување и јавно повлекување до портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за прес-конференција одржана на 6 септември, во која Арсовски прашува за што и кај кого сè му посредувал Кирацовски на Боки 13.

Арсовски го објави барањето на Кирацовски и го повика да го тужи и уште еднаш да покаже, а јавнсжоста да види дека само сака да се заканува и да цензурира.

Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши 🤔
Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор во Република Македонија 🚫🤭 Сепак личи тоа на СДСМ
Трето, ајде Кирацовски биди мажиште – не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола.
Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.
Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај.
Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна!

Дека Кирацовски има обичај јавно да им се заканува со тужби на новинари многу добро знаат новинарите во „Република“, на кои Кирацовски постојано им се заканува со тужби.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.