Претседателката на стопанските комори на Македонија Данела Арсовска преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија е држава во која нема функционални противпожарни авиони, нема доволно противпожарни возила и нема доволно противпожарна опрема.

-Македонија, држава која нема функционални противпожарни авиони, нема доволно противпожарни возила, нема доволно противпожарна опрема, ама 30 години има пари за службени возила за функционерите и безумно непродуктивно трошење од страна на институциите на средствата кои треба да се наменети за граѓаните!

🔴 Потребна е национална стратегија за кризен менаџмент. Ако треба граѓаните да се самоорганизираат за да си помогнат, тогаш за што им се потребни институциите на локалната и централна власт, веројатно не само за да си поделат плати од средствата од комуналните давачки и даноци.

⭕ Ова нема да е последна криза, граѓаните треба да се безбедни и спокојни, да знаат дека институциите постојат за нив и за да им помогнат кога треба, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.