Армијата се очекува да се вклучи во справување со кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. На денешната владина седница беше донесена одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот, која може да трае најмногу 30 дена.

Владата му предлага на претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба. Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со настанатата ситуација на подрачјата на општините, со целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план на координирано дејствување во кризните подрачја, стои во соопштението на Владата.

Со воведување на кризната состојба се воведува забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја. Жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови до полноќ вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.