Четириесет и четири на Армијата на Република Македонија, ротација составена од штабни офицери и вод за обезбедување, од утре ќе бидат дел мисијата на НАТО во Косово. Овааќе биде прво учество на АРМ во мисија на НАТО, како 30. земја членка на Алијансата.

Упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Македонија во мисија на КФОР ќе се реализира воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје со присуство на највисокиот воен и државен врв.

Од АРМ соопштија дека пред упатувањето во оваа мисија припадниците на Армијата поминале низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбувале и обучувале за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

Припадниците на Армијата својата подготвеност, интероперативност и способност за извршување на најтешки задачи, веќе ги имаат докажано во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии Исаф и Одлучна поддршка во Авганистан и мисиите Слобода за Ирак, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан – информираа од АРМ.

АРМ во досегашниот период учествуваше посредно преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.