Министерството за одбрана соопшти дека е обезбеден и втор комплет 7.000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата, а Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.

Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме – стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Новите униформи пристигнале во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Од Министерството за одбрана наведуваат дека со ова целосно завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.