Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која е втор мандат на чело на оваа општина, во неколку наврати се споменува како иден амбасадор во Соединетите Американски Држави. Во интервју за МИА вели дека ќе го заврши мандатот како градоначлник на Тетово, а потоа се отворени сите опции вклучувајќи го и амбасадорското место во САД.

За мене тоа е едно големо почитување имајќи во предвид фактот дека во САД секогаш сум се чувствувала како дома. Нормално дека за мене тоа е едно големо почитување, самиот факт што за тоа се зборува но сакам да истакнам дека јас уште две години имам обврски према граѓаните на Тетово кои на гласање ме испочитуваа исто толку многу така да би го завршила мандатот па после опциите се отворени, вели Арифи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.