Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според нејзе, тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.

– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаи. Институциите се тие кои повикуваат на одговорност. Одговорно за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност, немаше да седам тука како кандидат – рече Арифи.

Лидерот на Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.