Арбен Таравари e избран за потпретседател на Алијанса за Албанците на вчерашниот состанок на претседателството на партијата, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Како што наведуваат од партијата, со новите промени во партиската организација Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател, а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари и наведуваат дека останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството.

На вчерашниот состанок на Алијанса за Албанците одлучено е конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

Го охрабруваме секој кој верува дека ги има соодветните вештини и визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот, рече претседателот на АА, Зиадин Села во прес конференцијата по состанокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.