Поради сè поголемиот и силен политички притисок врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку правосудниот систем, Македонската асоцијација на новинари – МАН денеска одржа мирен протест пред зградата на Јавното обвинителство. На протестот беа присутни новинари од неколку македонски медиуми, како поддршка на колегата Александар Митовски, главниот уредник на порталот „Инфомакс“.

Против Митовски е покрената кривична пријава, бидејќи медиумот објавил извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев. Според ЈО, новинарот со објавувањето на делови од исказот, сторил кривично дело оддавање службена тајна.

Новинарите кои денеска мирно протестираа пред ОЈО, пред зградата на бело перниче оставија лисици за притвореници кои Обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Оставен е и микрофон, како метафора на одземањето на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор.

Според претставничката на МАН Ивона Талевска, последниот чин од Јавното обвинителство покажува дека медиумската слобода во држвава е загрозена.

Се водат над 60 предистраги, истраги, закани за испрашувања, обвиненија, како и процеси против медиуми коишто не се блиски на актуелната владејачка структура. Тој прогон го правеше и СЈО, а сега го прави и Јавното обвинителство. Европскиот просек е 23 отсто закана од правосудни истанци, во Република Македонија просекот против слободата на медиумите е 52 отсто. Ние заедно со Турција ги сочинуваме 70. проценти во регионот на ЈИЕ. Ова мора да запре, рече Талевска.

Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот „Курир“, Бранко Геровски во „Слободен печат“, Ивона Талевска во весникот „Вечер“…

Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми.

 

Инаку, објавувањето на исказот од страна на Митовски, следеше откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите за „Рекет“ не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат, а републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај. Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот „Рекет“.

Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците, ЈО реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт.

Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта.

Покрај кривичната за Митовски, потврда за ова е и денешниот упад во редакцијата на порталот „Нетпрес“.

Токму додека новинарите протестираа пред ЈО, полицијата вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудиоснимката од кабинетот на секретарот на владата Драги Рашковски, од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.