По пуштањето на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, и откако обвинителката Вилма Рускоска му испратила смс на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат Катица дека ќе отвори финансиска истрага, Апелацискиот суд е кренат на нозе, јавува СДК.МК.

Порталот дознал дека дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум за содржината на пријавата до МВР против Рускоска кон тројцата апелациски судии кои ја донеле одлуката за Јанева. Од Апелацискиот суд за сдк.мк велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.

Рускоска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Инаку, Катица Јанева вчера беше спроведена од затворот во куќен притвор во станот на син и во Центар, а го криеше лицето со качулка и не одговори на ниедно новинарско прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.