Апелациониот суд во Скопје  ја прифати жалбата на поранешната специјална обвинителка за нејзино префрлување во домашен затвор. Катица Јанева оди во куќен притвор.

Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Како што дознаваме, Јанева куќниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син во Скопје.

Јанева издржуваше притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари од нејзиното приведување на 21 август годинава, кога беше уапсена како третоосомничена во „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.