Апелациониот суд во Скопје ја намали казната на Бобан Илиќ, осуден за прегазувањето на малиот Алмир Алиу во Куманово, потврдуваат од судот за ТВ24. Причините за намалување на затворската казна од шест на четири години затвор, се непознати, а од Апелација за телевизијата велат ќе бидат образложени на писмено во одлуката.

Казните за останатите обвинети остануваат исти, шест месеци за таткото на Алмир и по девет месеци за двајца членови на семејството.

Предметот Апелација еднаш го врати на повторено судење поради пропусти во постапката. Бобан Илиќ првично беше гонет за убиство со умисла, а по невропсихијатриското вештачење, за тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Во 2016-та година малиот Алиу беше прегазен до смрт од автомобил кој го возеше Бобан Илиќ. На ова претходеше вербален конфликт меѓу Илиќ и семејството Алиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.